Досега невидено: Меч беше прекинат откако фудбалерите ги нападна - папагал! (ВИДЕО)

Натпреварот од хрватската Втора лига меѓу Бијело Брдо и Цибалија мораше да биде прекинат на кратко, поради еден папагал кој ги нападна фудбалерите, а потоа на еден му слета на рамо.

Досега невидена сцена беше забележана во хрватскиот фудбал, откако пред самиот крај на мечот папагал нападна двајца фудбалери, по што слета кај еден играч на Цибалија за да „одмори“.

„Некое време леташе над теренот, но во 80. минута се спушти и почна да ги напаѓа фудбалерите, по што беше фатен и предаден на четвртиот судија“, раскажуваат сведоци на настанот.