Цел свет бесен на Нејмар: Бразилецот невкусно му оддаде почит на Стив Хокинг (ФОТО)

Најскапиот светски фудбалер Нејмар, кој моментно закрепнува од операцијата на стапалото во својот роден Бразил сакаше да биде оригинален за да му одаде почит на генијот Стивен Хокинг, но наместо тоа го навлече гневот на целиот свет поради невкусниот потег што го направи на социјалната мрежа Инстаграм.

Хокинг, прославениот космолог е еден од најголемите умови, а почина вчера од ретка болест, која со децении го закова за ивналидска количка. Нејмар искористи еден негов цитат за да му одаде почит, кој гласи: „Мора секогаш да имате позитивен став за секоја ситуација во која ќе се најдете“.

Но, Нејмар направи катастрофална грешка. Сподели фотографија во количка, со која и тој моментно се движи поради операцијата на стапалото, на која е гол. Веднаш и тргна бурата против Нејмар. Едни затоа што поставил слика од него која е неприкладна, а други затоа што цитира нешто во кое не е најдобра споредба помеѓу Хокинг и неговиот живот закован за инвалидската количка со лагодниот живот на фудбалскиот виртуоз.