Болт: Не ми дадоа вистинска шанса во фудбалот, а знам дека ќе бев фантастичен!

Јамајканската атлетска ѕвезда Јусеин Болт, бивш светски и олимписки првак и светски рекордер на 100 и 200 метри од поодамна има огромна љубов кон фудбалот, па дури во Австралија и се испроба во најважната споредна работа на светот, но таа авантура – кратко траеше.

Болт имаше договор со Централ Коуст Маринерс за кој одигра пријателски мечеви, даде и два гола, ама кога требаше да влезе во професионалци и да осигура вистински договор, тоа не се случи и сега Јамајканецот се пожали дека не добил вистинска шанса, зашто во него се криел – спектакуларен фудбалер.

„Не добив чесна и вистинска шанса. Не ги направив работите како што сакав, ама знам дека ќе бев многу добар“, рече Болт.