Болен е поразот од ривалот: Навивач на Фенер во очај ја удираше главата од столче (ВИДЕО)

Години наназад ривалството меѓу Фенербахче и Галатасарај ги преминува границите на спортскиот дух, а така беше и овој пат.

Галатасарај дојде до победа на гостувањето кај Фенер со 3-1 со погодоците на Фалкао, Донк и Онјеруку, а оваа победа тешко ја прифати еден навивач на Фенер кој на трибините камерите го „уловија“ како си ја удира гравата од столче по последниот судиски свиреж.

Покрај четирите погодоци, на овој меч можеше да се види се и сешто, како 11 жолти и три црвени картони, а беше досуден и по еден пенал за двата тима.