Балкански криминалци ја ограбиле најубавата спортска новинарка - Дилета Леота (ФОТО)

Најпознатата и воедно најубавата спортска новинарка во Италија, Дилета Леота минатата недела доживеала голема непријатност. Нејзиниот стан во Милано бил ограбен од балкански криминалци. 

Се работи за двајца српски државјани, еден Хрват и Романка, додека не е позната националноста на петтото лице кое провалило во домот на новинарката. Крадците успеле да украдат многу скапоцености, како накит, часовници и дизајнерски чанти, а земале и 150.000 евра во кеш. 

Тие подолго време ја следеле Леота преку нејзиниот „Инстаграм“, бидејќи Италијанката секојдневно објавува „сторија“ од нејзиниот дом и каде се шета. Така станала лесна мета за крадците, кои провалиле во нејзиниот стан.