Американците му се сеират на Мекгрегор поради „талентот“ за НФЛ (ФОТО+ВИДЕО)

Конор Мекгрегор е во центар на внимание речиси цела недела, по борбата против Хабиб Нурмагомедов, која ја загуби, па медиумите го следат речиси секој негов чекор.

Мекгрегор се појави како специјален гостин на Далас каубојс на натпреварот против Џексонвил Џегуарс.

Еден од најпопуларните УФЦ-борци во светот доби шанса пред почетокот на натпреварот да успее да фрли една топка, но не се покажа најдобро, по што почнаа Американците опасно да се сеират на негова сметка на социјалните мрежи.