Милевски ги построи пулените и почна да ја кова стратегијата за напад на Тбилиси (ФОТО)
Иако со многу проблеми и без шест фудбалери кои беа постојано дел од репрезентацијата годинава, Дарко Чурлинов, Валон Етеми, Стефан Ристовски (повредени), Бобан Николов, Кире Ристевски, Давид Бабунски (не се повикани), селекторот Благоја Милевски ќе мора да го изнајде вистинскиот тим кој ќе се обиде повторно да го освои Тбилиси.
Фудбалерите денеска фатија залет за претстојните предизвици, а многупати досега покажале дека и покрај проблемите може да се издигнат над нив и да ја израдуваат нацијата, а со тоа и да им се реваншитаат на Грузијците за јунскиот пораз со 0-3 во Скопје.