
Трајковски го даде последниот гол за вистинскиот Палермо, а сега ѝ пресуди и на Италија во - Палермо (ФОТО)
УС Чита ди Палермо беше сицилијанскиот великан, чиј дрес Трајковски го носеше од 2015 до летото 2019 година пред да банкротира клубот и да се формира нов, кој сега е во третолигашката конкуренција.
Вечерва во Палермо, Трајковски ја расплака Италија, па од два директни шута кон голот на Џиџо Донарума, даде еден и тоа велемајсторски за „аѕурите“ втор Мундијал по ред да го пропуштат.
А пред три години, Трајковски го даде последниот гол за вистинскиот Палермо пред клубот да банкротира. Сега, три години потоа првпат се врати на Сицилија и ја „банкротира“ Италија, актуелниот европски првак, на кој во октомври 2017 година ѝ даде гол за ремито 1-1 од кое почна фудбалската ренесанса на македонската репрезентација