
Вардар го направи планот за подготовките - ќе учествува и на два турнира
Денеска „црвено-црните“ објавија што следува во следниот период. Првиот собир ќе се одржи на 24 јули, а првиот официјален тренинг е закажан за понеделник. Првата недела ќе се тренира во Скопје, додека од 5 до 13 август тимот заминува на висински подготовки во чии рамки ќе одигра и тест дуел со Бутел.
Клучните контроли пред стартот на новата сезона Вардар ќе ги има во периодот од 19 до 31 август кога ќе учествува на два турнира, еден во Охрид и еден во Скопје. Суперкупот на Македонија против Пелистер е закажан за 3 септември, а три дена подоцна официјално почнува домашното ракометно првенство.