
Шкендија вечерва брка чудо против поранешен европски шампион
Противник е романскиот ФЦСБ, поранешна Стеауа, еден од само двата некогашни европски шампиони од источна Европа. Ова ќе биде второ гостување на клубот од Букурешт во Скопје откако во 2013 година се сретна со Вардар, исто така во квалификациите за Лигата на шампионите и славеше со 2-1 на Градски.
Со своето реноме, но и со играчкиот кадар, јасно е дека ФЦСБ е апсолутен фаворит на овој двомеч што делумно ѝ ја олеснува работата на Шкендија затоа што нема што да загуби. Водилка на тетовци треба да им биде минатонеделниот пораз на романскиот тим од првакот на Андора, Интер што е доволен доказ дека нема непобедливи и дека со добра игра може да се надева на пласман во следната рунда.
Победникот од овој двомеч, во третото квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од пресметките меѓу Карабах од Азербејџан и Шелбурн од Ирска. Поразениот се сели во Лигата Европа и ќе игра против Дрита од Косово или Копенхаген од Данска.