Кулушевски си оди од Јувентус и засилува голем ривал од Серија А
Крилниот напаѓач уште зимава ќе мора да си бара нов клуб, а неговиот агент веќе го понудил на неколку странски клубови од Премиерлигата, Ла Лига и Бундеслигата, но желбата на фудбалерот е да остане во Италија.
Меѓу клубовите заинтересирани за неговите услуги е Милан. Тимот од „Сан Сиро“ е пред разделба со Саму Кастилјехо, кој најверојатно се враќа во татковината поточно во Валенсија.
Кулушевски би дошол во Милан на шестмесечна позајмица, а потоа клубовите ќе разговараат за откуп на неговиот договор по завршувањето на сезоната.
Шведскиот репрезентативец претходно играше за Аталанта и Парма.