Артета: За дербито со Манчестер сити се подготвуваме од почеток на сезоната!

Арсенал в недела гостува на „Итихад“ кај Манчестер сити во дербито на колото во англиската Премиерлига.

Тренерот Микел Артета кажа дека заедно со неговите фудбалери се подготвува за дербито од самиот почеток на сезоната.

„Се подготвуваме за мечот од почеток на сезоната. Го знаевме распоредот и свесни сме дека ова е тешко гостување. Мора да се подготвиме психички и физички за дербито“, кажа Артета.

Натпреварот се игра в недела од 17.30 часот на „Итихад“.