Пелистер го смени логото - новото е без зборот Македонија! (ФОТО)
И колку оваа промена делува дека е на подобро, од визуелен и естетски карактер, толку таа предизвика реакции во битолската јавност поради изоставување детал односно збор, кој доминираше во претходниот симбол. Тоа е зборот „Македонија“, кој е вклучен во старото лого на битолчани, а кој го нема во новата верзија.
Оваа промена е една од причините за реакциите на навивачите на социјалните мрежи и форуми, каде што дури има и теории на заговор дека е направено поради играњето на меѓународна сцена (АБА2) и реакциите од Грците, кои ги имало многу во раководните структури на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).