Еден од најголемите таленти на „Ла Масија“ се сели во Катар

Барселона е на праг да загуби еден од најталентираните фудбалери од нивната академија „Ла Масија“, Пау Прим кој добил понуда од Катар.

Ал Сад од Катар води преговори со агентот на Прим и сака да го ангажира во следниот период, а во прилог им оди и фактот што младиот фудбалер не добива шанса во првата екипа на Барселона.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека веќе бил постигнат вербален договор меѓу двете страни, а во следниот период ќе се договорат и останатите детали.