Унгарците почнаа да „плачат“ на судиите уште пред да почне мечот со Хрватска!

Хрватската репрезентација вечерва ќе го одигра четвртфиналниот натпревар на СП 2025 на домашен терен против Унгарија, дуел кој има посебна тежина бидејќи токму Унгарците лани ги елиминираа „каубоите“ од Европското првенство (29-26).

Дополнителна тензија внесе унгарскиот весник „Маѓар Немзет“, кој по победата над Словенија (29-26) ги критикуваше Хрватите и нивниот третман кај судиите.

„Беше толку очигледно што дури и хрватските медиуми пишуваа за тоа, тврдејќи дека домаќините имале предност на свој терен. Против Исланд и Словенија им требаше поддршка не само од навивачите, туку и од судиите“, се наведува во текстот.

Унгарците дополнително предупредуваат дека нивната репрезентација ќе мора да се справи и со „пеколната атмосфера“ во салата.

„Полните трибини секому даваат дополнителна доза адреналин, без разлика што нема да навиваат за нас. За вакви моменти се игра ракомет – да настапуваш пред публика и во натпревари со висок влог“, изјави селекторот на Унгарија, Шпанецот Чема Родригез.

Судиите на натпреварот ќе бидат Шпанците Гарсија и Марин, што дополнително ги разгоре шпекулациите за можни судиски одлуки во корист на домаќините. Според обложувалниците, Хрватска е фаворит со квота 1,50 за победа, додека шансите за триумф на Унгарија се проценети на 4,50.