Севилја немоќна на гости кај Алавес - го запиша третиот пораз!

Фудбалерите на Севилја разочараа уште еднаш, и тоа овој пат на гостувањето кај Алавес со 1-2 во шестото коло од шпанската Ла Лига.

Висенте погоди за предност на Алавес во 17. минута, а потоа Стоичков стрелаше за 2-0, но голот му беше поништен поради офсајд.

Мартин во 60. минута ја зголеми предност за домаќините, додека Лукебакио во 83. минута го матира голманот на Алавес за 1-2.

Алавес е на петтата позиција со 10 бодови, додека Севилја е на 14. место со пет бода.