Торино ја надигра Верона и се искачи на врвот во Серија А

Фудбалерите на Торино ја запишаа третата победа во Серија А, откако вечерва беа подобри од Верона на гостински терен со 3-2 во петтото коло од шампионатот.

Санабрија го отвори резултатот во 10. минута, но радоста на гостите траеше кратко затоа што Кастанос погоди за 1-1.

Давидович доби црвен картон во 21. минута, по што Санабрија промаши пенал за Торино, додека вториот гол за гостите беше дело на Запата.

Адама во 79. минута погоди за 3-1 и Торино направи чекор напред кон победата, а во судиското надополнување на мечот, Москера ги постави конечните 2-3.

Торино има 11 бодови на првата позиција во Серија А, односно еден повеќе од Удинезе.