ФФМ: Поради ланските тепачки, годинава Детската Лига - без публика!
Одлуката ќе важи само за северниот регион каде што минатата година, родители, тренери и судии предизвикаа неколку инциденти кои завршија со вербална и физичка пресметка.
„Како организација посветена на промовирање на позитивна и фер-плеј средина за нашите најмлади фудбалери, Фудблската федерација на Македонија најостро го осуди однесувањето на дел од родителите кои ланската сезона предизвикаа и учестуваа во инцидент на финалниот турнир од Детска лига. Од таа причина, ФФМ донесе одлука (до отповикување) за забрана за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига. Гледаме позитивно и се надеваме дека како и во останатите пет региони, публиката, родителите и гледачите ќе имаат можност да ги следат натпреварите во многу блиска иднина“, соопшти ФФМ.
ФФМ апелираше до родители и останатите гледачи да размислат како ќе постапуваат во иднина зашто нивните потези имаат големо влијание врз децата.