Саудијци ќе влезат во Евролигата со - милијарда евра!?

Саудиската инвестициска група „СУРЈ Спортс“ наводно планира да купи голем дел од акциите на Евролигата.

Евролигата веќе некое време бара инвеститори, а бизнисмени од Саудиска Арабија се фаворити и планираат да инвестираат околу милијарда евра.

„СУРЈ Спорс“ е под контрола на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, во чии раце е и премиерлигашот Њукасл.