Мајнц го совлада Аугсбург во меч со пет гола
Мајнц со головите на Сиеб во 13. минута и Буркарт во 15. минута поведе со 2-0, по што Шлотербек ја врати надежта на домаќините и стрелаше за 1-2.
Проблеми за гостите направи Амири кој беше исклучен поради два жолти картони, но и покрај тоа Мајнц преку Буркарт стрелаше за 3-1.
Есенде во продолжение погоди за 2-3, а потоа доби црвен картон поради остар старт, по што не се менуваше резултатот.