Дефинитивен крај на една ера: Бостон го размонтира Голден Стејт (ВИДЕО)
Последната од нив во 2022 година против Бостон кого го совлада со 4-2 за вкупно седми трофеј во историјата на франшизата. Ако уште постоеја надежи дека Вориорс можат да се воскреснат и повторно да останат во елитата на НБА, од синоќа, повеќе не постои такво нешто. Актуелниот шампион буквално го понижи поранешниот, совладувајќи го во Сан Франциско со 40 разлика (125-85). Највисоката предност на гостинскиот тим изнесуваше 45 поени, а дури и во тие моменти, Селтикс не сакаа да подзапрат и да го поштедат својот ривал од понижување.
За очајот на Голден Стејт најдобро зборува податокот што на периоди се случуваше да промаши и 10 напади по ред. До крајот на првото полувреме разликата беше пристојна, но третиот период Бостон го доби со 43-24 и отиде на над 30 разлика по што за домашниот тим немаше враќање.
Иако Бостон постигна 125 поени, ниеден кошаркар на овој тим не се истакна посебно во нападот. Најефикасен беше Тејтум со 22 поена, а зад него останаа Порзингис со 18 и Браун со 17. Стеф Кари го предводеше очајниот Голден Стејт со 18 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Далас 110-105
Хјустон - Детроит 96-107
Мемфис - Минесота 106-96
Њујорк - Атланта 119-110
Кливленд - Феникс 118-92
Голден Стејт - Бостон 85-125
Њу Орлеанс - Јута 123-119
ЛА Клиперс - Чикаго 99-112