Правник од Гевгелија има речиси ист број „настапи“ на ЕП и СП колку и – Кире Лазаров!

Ракометната репрезентација на Македонија е речиси редовен учесник на големите натпреварувања и тоа почнувајќи од 2009 година и Светското првенство (СП) кое и тогаш се играше во Хрватска, па во следните 16 години до сегашните пресметки во Вараждин, на кои редовно ја има поддршката од Фалангата.

Навивачите редовно во голем број беа на трибините на секое од овие првенства, а меѓу нив има мал број фанатици, кои речиси и да не пропуштија некој настап на македонската селекција. Меѓу актерите на теренот единствен заеднички содржател на сите досегашни 15 настапи на големите натпреварувања е Кирил Лазаров, прво како играч, а во последните неколку години и како селектор, а еден од фанатиците со двоцифрен број „настапи“ е гевгелискиот правник, Благоја Трпковски.

Станува збор за пасиониран навивач на македонските репрезентации, кој почнувајќи од 2009 година и Вараждин вкупно 11 пати ги бодрел жолто-црвените на големите натпреварувања, заклучно со сегашниот настап во истиот овој хрватски град. Зад него се навивање во Белград и Ниш на историското ЕП 2012, како и на континенталните собири во дански Хернинг (2014), Краков (2016), Загреб (2018), Виена (2020) и Дебрецин (2022). Трковски има „учество“ и на неколку Мундијали, почнувајќи од 2009 во Хрватска, па преку Мец (2017), Минхен (2019), Краков (2023) до актуелниов во Вараждин.

Тој ги бодри и селекциите во други спортови, а е сведок на историската победа на фудбалерите на Македонија против Италија во Палермо во 2022 година, со која дојдовме во финалето од баражот за пласман на СП истата година.