Давид Луиз не размислува за пензија, потпиша за нов клуб
Кариерата Луиз ќе ја продолжи во тимот на Форталеза кој ќе биде негов седми во 19 долгата кариера. Овој клуб го посакуваше Луиз и претходно, но поради неговиот договор со Фламенго не можеа да си го дозволат.
Сега дефанзивецот како слободен фудбалер потпиша за популарните „бразилски лавови“. Медиумите истакнуваат дека во преговорите Луиз не побарал да биде најплатен, туку сака да биде рамноправен и да се бори за своето место.
Се најавува и дека Луиз по кариерата како фудбалер сака да заплови и во тренерските води, а Форталеза тоа би можела да му го овозможи.
Зад себе Бразилецоти ма големо искуство, а ги носеше дресовите на: Бенфика, Челси, ПСЖ, Арсенал и Фламенго. Најмногу трофеи освои со Челси и тоа: Еден во Лигата на шампионите, два во Лигата на Европа, потоа Премиер лига и два ФА Купа. Со Фламенго се израдува и на трофејот во Копа Либертадорес.
Треба да се спомене и дека беше во најдобриот тим на Мундијалот во 2014 година.