Барса како аматерска екипа: Шчесни го „собра“ Балде и ѝ подари гол на Бенфика (ВИДЕО)

Војчех Шчесни требаше да биде засилување за Барселона по повредата на Тер Штеген, но ако денеска загуби каталонскиот тим, тој ќе биде еден од виновниците за тоа.

Уште долго ќе се зборува за неговата трагична реакција во 22. минута кога прво непотребно излезе далеку од својот гол, а потоа место топката, го „собра“ својот соиграч Балде и му овозможи на Павлидис непречен од никого да ја затресе празната мрежа. Во тие моменти Гркот по вторпат ја доведе Бенфика во водство, со 2-1 откако претходно Левандовски израмни од пенал.

Инаку, Бенфика веќе води со 3-1, а Павлидис има хет-трик на овој меч откако во втората минута го отвори резултатот, а во 30. минута погоди од белата точка. Шчесни беше виновник и за третиот гол бидејќи направи пенал во обид да го одбрани својот гол.