Фрустрации кај шведскиот ракометар: Ми се смачи од Шпанците
Натпреварот заврши без победник, па двете селекции во следната фаза ќе пренесат по три бода, сценарио што по синоќешниот меч е апсолутно прифатливо за Шпанците, но и за Швеѓаните. Организаторот на играта на „трите круни“, Џим Готфридсон призна дека е исфрустриран од овој ривал.
„Ми се смачи од Шпанците. Не мислам ништо лошо за нив, но од Шпанија загубивме во финалето од Европското првенство во 2018 година и уште неколку важни натпревари. Ова е проклето типично за нив“, рече ракометарот на Сегед.
Неговата селекција е без пораз на последните четири дуели против Шпанија, но сепак ги загуби најважните пресметки. Освен спомнатото финале од 2018, „фуријата“ славеше и во мечот за бронзата на претходното Светско првенство кога Швеѓаните имаа предност и од четири разлика во второто полувреме.