Екс-селектор на Македонија во тешка здравствена состојба: Откриен му е рак?!

Некогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија го откажа своето учество на подготвителниот камп во Узбекистан поради здравствен проблеми.

Од Узбекистанската фудбалска федерација во соопштение до јанвоста информираа дека Катанец нема да ја предводи репрезентацијата во наредниот период на подготовките.

Дополнителни информации за неговата состојба пренесуваат медиумите во Словенија кои тврдат дека одново е влошена состојбатана 61-годишниот стратег откако претходно му бил дијагностициран рак.

Се наведува дека ситуацијата не била најдобра веќе некое време, но Катанец сепак ги извршувал работните обврски.

На клупата на македонската репрезентација Катанец помина три години во период од 2006 до 2009.