Се враќа ЛШ: Дерби во Мадрид, Барселона по победа за осминафинале
Повторно ќе се игра во два термини 18:45 и 21:00 часот. Во првите термин ќе се сретнат екипите на Аталанта и Шутрум Граз и Монако против Астон Вила.
Дерби имаме во Мадрид каде што избраниците на Диего Симеоне ќе бидат домаќини на Леверкузен.
Од останатите натпревари кои би можеле да бидат интересни тука е пиринејското дерби помеѓу Бенфика и Барселона. Каталонците иако во последно време не блескаат во Ла Лига имаат шанса со победа да си го обезбедат местото помеѓу најдобрите осум, а така и пласманот во осминафиналето.
Во Белград Црвена Звезда ќе биде домаќин на ПСВ, а пред овој натпревар во центарот на српската престолнина се случија и инциденти во кои беа нападнати гостински навивачи.
Ливерпул и Јувентус се очекува да ги оправдаат фаворитските улоги против Клуб Бриж кој е домаќин на „старата дама“ и Лил кој гостува на „Енфилд“.
Интересен фудбал би можела да понуди и средбата помеѓу Болоња и Борусија Дортмунд кој се игра во Италија. Во последниот натпревар Штутгарт ќе биде фаворит против Слован Бртислава.
18:45
Аталанта – Штурм
Монако – Астон Вила
21:00
Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен
Бенфика – Барселона
Болоња – Борусија Дортмунд
Клуб Бриж – Јувентус
Црвена Звезда – ПСВ
Ливерпул – Лил
Слован Братислава – Штутгарт