Официјално: Алими продолжува во Кина

Репрезентативецот на Македонија, Исник Алими ги напушти редовите на романски Сепси и кариерата ја продолжува во Кина.

Нов клуб на Алими ќе биде Длијан Јингбо кој ги забележа добрите настапи на Алими во првиот дел од сезоната и одлучи да го ангажира.

„Официјално може да објавиме дека Исник Алими продолжува во Далијан Јингбо од Кина. Сакаме да му се заблагодариме на Исник за учинокот во дресот на Сепси и му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата“, објави Сепси.

Aлими во својата кариера беше дел уште од: Габала, Шибеник, Римини, Виченца, Форли, Лумецане, Киево, Новиград и Аталанта.