Роналдо постигна гол за Ал Наср и го посвети на - син му (ФОТО)

Кристијано Роналдо продолжи со одличните настапи за Ал Наср, па така постигна гол и во победата од 3-0 против Ал-Етифак.

Роналдо од пенал го матира голманот на домаќините и донесе водство за Ал Наср, додека за гостите стрелаа и Ал Најди и Талиска до крајот на мечот.

Португалецот има извонреден старт на новата сезона и веќе постигна седум гола и две асистенции за клубот и репрезентативниот тим.