Морис цел месец паузира по дивјачкиот удар од Јокиќ (ВИДЕО)
Јокиќ дивјачки го турна Морис, по што двајцата беа исклучени од натпреварот, а интересно е тоа што кошаркарот на Мајами уште не оздраве по инцидентот.
Иако многумина сметаа дека Морис глумел по ударот од Јокиќ, сепак очигледно не било така, па тој ќе го пропушти и 16. натпревар по ред од инцидентот, а засега не е познато ниту кога ќе се врати на паркетот.