Светот е забеган по обложувачници: Само за ЛШ уплатени 26 милијарди евра!

Најпрестижната Лига на шампионите во минатата година била број еден за обложување во светот, па само на мечевите од најелитното и најмоќното спортско натпреварување биле уплатени неверојатни 26 милијарди евра, објави „Спортрадар“, кој стана генерален партнер на УЕФА за спортското обложување.

Спортрадар е компанија која во најголем дел беше ангажирана за зачувување на интегритетот и борбата против спортските местенки, во најголем дел на фудбалските терени, па сега станува генерален партнер на европската федерација и бројките за тоа колкаво влијание имаат најдобро отсликуваат неверојатните бројки.

Според анализите, севкупниот обрт во обложувачкиот сектор за 2021 година е неверојатно 520 милијарди евра, од кои 15 отсто или 78 милијарди евра отпаѓаат само на најсилните европски лиги, натпреварувањата на УЕФА, ЛШ и Лига Европа, како и Лигата на нации.

Дополнително 12 отсто од севкупниот обрт на пари во легалните обложувачници отпаѓа само на Европското првенство летово, на кое учествуваше и Македонија или севкупно 62 милијарди евра бил обртот на пари од едномесечниот турнир со запрепастувачки, 1,2 милијарди евра по меч.

Во просек за ЛШ, на секој меч биле уплаќани по 210 милиони евра, а додека во Лига Европа сумата е 76 милиони евра