Венгер: Ако не победите, сите ќе ве убијам

Дербито на северен Лондон помеѓу Тотнем и Арсенал се игра в сабота, а менаџерот на Топчиите смета дека неговиот тим ќе ги демантира сите критичари и ќе го понесе целиот плен од оваа средба.

Французинот го изнесе на виделина едниот од клучните проблеми во соблекувалната, бидејќи боите на Арсенал ги бранат играчи кои немаат еднаква страст кон клубот како нивните претходници.

Токму на таа тема говореше и легендата на Арсенал, Ли Диксон, кој раскажуваше како пред неговоит прв натпревар против Тотнем соиграчите му се заканувале дека доколку дојде до пораз на дербито на северен Лондон лошо ќе си помине. За тоа говореше и Венгер пред дербито.

„Ли Дин е навистина страствена личност, па не ме чуди што зборуваше на оваа тема со таков тон. Сепак, ми се чини дека, доколку тоа е единствениот начин да ги подготвувам фудбалерите за натпреварите, тогаш најдобро е да им кажам: Ако не победите, сите ќе ве убијам!, изјави Венгер, кој при мотивирањето на фудбалеримотивирањете користи помалку агресивни методи:

„Треба да се најде поинаков начин за , тоа е тешко, но во тоа лежи и тајната на победувањето. Треба да се балансира помеѓу самодовербата и притисокот, опуштеноста и тензијата, а кај секој играч реакцијата ќе биде различна. Затоа е важно да се прилагодува менаталитетот на тимот со поединците“.