Се пресели во Грција: Работнички и официјално остана без најдобриот кошаркар!

Екипата на Работнички во продолжението од сезоната ќе игра без својот најдобар кошаркар досега, Американецот Девон Вашингтон, кој кариерата ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Лариса.

Високиот центар подолг период изразуваше незадоволство од ситуацијата во „Градски парк“, поради што дури и не настапи на последните неколку средби. На крајот, управата на центарци попушти и му дозволи да ја промени средината во периодот кога има подолга пауза во првенството во која ќе се обидат да најдат соодветна замена.

Вашингтон во АБА2-лигата сезонава имаше просек од 15,8 поени и 6,5 скока додека во домашното првенство просечно реализираше 12,4 поени со пет скока. Тој е вториот интернационалец што си замина од таборот на Работнички, по Карло Враговиќ, кој кариерата ја продолжи во Полска, додека во меѓувреме беше ангажиран Србинот Михајло Богдановиќ.