Поранешната белгиска велосипедистка Тара Жинс (30) јавно се пожали за дискриминација, откако не успеала да стане претседателка на еден велосипедски клуб, поради тоа што објавувала еротски фотографии на профилот на Инстаграм и тоа било окарактеризирано како непристојно.

Жинс била велосипедистка на два тима од Белгија, а сега е директорка на аматерскиот „С-Бајкс АГУ“, но салака поголем напредок во кариерата и влез во професионалниот спорт. Но, кога тргнала во таков обид, наишла на голем ѕид поради спортни фотографии.

Таа инаку работи и како модел, па оттаму и провокативните слики. Во образложението кое го добила, наводно спонзорите не биле воодушевени од нејзината „слобода“ и сликите што се појавуваат на социјалните мрежи, како и за тоа дека полугола се сликала за Плејбој и топлес за календарот на најпопуларниот машки магазин, иако тие не се достапни за секого.

„Имавме усмен договор, се радував на новиот предизвик, ама... Некој направил проблем поради фотографии. И на крај, подобро што не се случи соработката“, вели Тара.