Мурињо испрати провокација до Погба и Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Жозе Мурињо го однесе Тотнем до финале на Карабао Купот, па ќе се бори за титулата со лондонскиот тим, но во центар на внимание беше неговата изјава за медиумите по натпреварот.

Мурињо кажа дека неговиот тим одиграл одличен меч, но дека противникот имал опасни акции, а при една Мбуемо реши да не падне и да симулира за пенал.

„Добро е тоа што Санчез не го допре противникот, а тоа момче реши да не направи нешто какво што прават другите“,  кажа Мурињо и притоа мислеше на една сцена кога Погба на свој соиграч му порача дека требало да падне во казнениот простор и да изнуди пенал.