Морбидно: Позираше покрај телото на Марадона и се пофали на социјалните мрежи (ФОТО)
Вработениот се фотографирал со телото на Марадона, и тоа со кренат палец, а притоа се пофали на социјалните мрежи и предизвика гнев кај фановите на легендарниот Аргентинец.
Адвокатот на Марадона, Матиас Морла го откри идентитетот на човекот од фотографијата, кој веднаш доби отказ од компанијата во која беше вработен.
„Диего Молина е човекот кој се фотографираше покрај ковчегот на Марадона. Во знак на спомен на нашиот пријател, нема да запрам додека не платат за овој чин“, порача бесно адвокатот.