Шпиц, легендата на Вардар на кого фудбалот му го спаси животот и потоа му го зема!

Најугледниот шпански спортски весник „Марка“ на шпанската спортска јавност на Пиринеите им го претстави најтрофејниот македонски клуб Вардар. Шпанците знаат кој е Вардар по првиот дуел со Реал Сосиедад, ама малку знаат за богатата историја на црвено-црните. „Марка“ на посебен начин ги претстави вардарци – преку легендарниот Илеш Шпиц. Германец со еврејско потекло, кој играше за Унгарија и кој во Скопје фудбалот му го спаси животот, а на крај и му го зема.

Во 2012 година се појави филмот на Дарко Митревски, „Трето полувреме“. Тоа е македонска продукција, режисер од Македонија, филм кој се направен врз база на вистински настани и во кој фудбалот има целтрално место во средина на трагедијата со Холокаустот.

Краткото резиме на филот е следно: Ова е приказна за луѓето кои беа обединети околу најважната работа на светот, фудбалот, во најтурбулентното време во историјата – Втората светска војна. Приказна за играчите на ФК Македонија и нивниот тренер Рудолф Шпиц, Евреин од Германија, кој го води тимот во нацистичката провинција контролирана од Бугарија и кој се натпреварува во бугарската лига. Тоа е приказна за основачот Димитри, кој мора да избере помеѓу неговата љубов кон тимот и лојалноста кон новиот поредок. Коста, кој се вљубува во богата девојка. Приказна за Ребека, еврејската принцеза која бега со својот фудбалер и живее во соблекувалната за да ја избегне судбината на својот народ. Над сѐ, тоа е фудбалска приказна во ужасните денови, што е повеќе од спорт – фронт помеѓу доброто и злото.


Илеш Шпиц, прв од лево, во дресот на унгарската репрезентација

Тоа е реална приказна за Илеш Шпиц (Будимпешта 1902 – Скопје 1961), напаѓач со преку 600 голови, шест пати член на репрезентацијата на Унгарија во 30-те години, тренер со еврејско потекло, кој со својот тим ги стресе темелите во земјата код окупација на нацистичка Германија и Бугарија. Пред Втората светска војна, македонските тимови играа во Србија. Бугарско-германската инвазија ги смени параметрите. Најдобриот скопски тим, ФК Граѓански престана да постои за да направи пат за ФК Македонија. Тоа беше спој на неколку клубови во престолнината под името Македонија, клуб што беше формиран во 1929, но забранет од Србите, кои се спротивставуваа на постоење на таков регион наречен Македонија. Бугарската окупација донесе исчезнување на сите клубови кои постоеа, но дозволи воскреснување на тоа име

Васил Дилев (1913-2011) се појавува во документарниот филм во 2010 година за авантурата која ја однесе ФК Македонија до битката за титулата. Македонија стигна до самиот крај, откако мечевите во шампионатот се играа елиминациски. Откако ја минаа Славија Софија, тогашниот шампион со вкупни 5-4, по триумф во Скопје со 5-1, финалето беше против моќниот Левски.

„Во првиот меч, судијата досуди гол, иако топката удри во дирекот и остави трага на дрвената рамка од голот. Ние протестиравме, ни дадоа уште еден гол и потоа имаше пресметка. Загубивме со 3-0. Пред 50.000 гледачи во Софија, Атанавес, најдобриот судија во Бугарија потоа поништи гол на Аџија пред крајот, кога беше 3-2 за нас. Тоа беше легално“, ќе изјави Дилев

Така требаше да се игра мајсторка, бидејќи се броеа победите. Во тоа сведоштво, Дилев, голманот на тимот и еден кој најдолго живееше ја раскажа и приказната која го спаси животот на Шпиц во земјата во која 14 отсто од жителите загинаа во војната, но во која бугарските авторитети се бореа да не ја реализираат „конечната солуција“ наметната од Берлин. Сепак, на македонско тло, ситуацијата беше поинаква. Од 8.000 Евреи, 7.122 беа депортирани.

Тренерот на ФК Македонија, кој претходно беше тренер и на Хајдук Сплит и на Граѓански беше уапсен во Скопје заедно со неговата жена и ќерка. Монополот, тутунска фабрика, беше собирен центар за македонските Евреи, прва станица од патот кон смртта во концентрациските логори, во овој случај во пеколот на Треблинка. Проценето е дека околу 11.000 луше завршиле од териториите кои ги имал под команда Цар Борис трети, кој одбил да му објави војна на СССР и да ги депортира сите Евреи. Тој умре во 1943 година под неразјаснети околности по средба со Хитлер во Растемборк.


Депортација на Евреите во логорите на смртта 

Илеш Шпиц и неговото семејство не се најдоа во возовите на смртта. Веста за неговото притворање се рашири низ Скопје со молњевита брзина и стигна со клупскиот секретар. Тој замина кај шефот на полицијата во градот и го „симна“ Шпиц од возот, кој веќе беше полн и подготвен за тргнување кон Полска. Шпиц се симна во Врање (Србија) и се врати во Скопје. Наскоро потоа на ракавот беше обележан со трака до давидовата ѕвезда.

Во 2008 година, македонскиот весник „Дневник“ објави приказна во која се вели дека двајцата клучни луѓе што го спасиле животот на Шпиц се Димитар Чкатров, претседателот на клубот) и Димитар Ѓузелов, секретар. Двајцата биле уапсени во 1948 година и обвинети дека биле колаборационисти со Бугарите и Германците.

Се проценува дека Бугарија спасила речиси 50.000 Евреи од смрт и покрај притисокот од нацистичка Германија. Но тој отпор беше помал во зоните кои беа анектирани од бугарските трупи за време на војната, како што се Македонија и Србија.

Откако играше до 1944 година во бугарското првенство, ФК Македонија, под знамето на суверена и слободна територија стана ФК Вардар во 1947 година, по фузијата со Победа во киното, кое и му го даде името на новиот фудбалски клуб. Тој клуб ќе стане најважниот тим во историјата на Македонија. Победник на југословенскиот куп во 1961 година и во првенството во 1987 година, иако подоцна ќе му биде земена титулата, но Вардар играше во првото коло на КЕШ и беше елиминиран од Порто двапати со 0-3.


Вардаровата генерација 1961 со освоениот Куп на маршалот Тито

Белград стана центар на балканскиот фудбал. Таму заминуваа најдобрите фудбалери и на клупата на Партизан дојде Шпиц во 1946 година. Три години беше тренер и освои две титули и три Купа. Но, неговиот најголем триумф дојде во 961 година, водејќи го Вардар, својата поранешна ФК Македонија. Тоа што му беше одзмено во 1944, сега уживаше во 1961. Откако го елиминира Партизан во второто коло, на 25 мај неговиот тим го освои Купот на Југославија, победувајќи го Вартекс Вараждин (Хрватска) со 2-1 во Белград.

Животот, кој фудбалот му го спаси, му го одзема неколку месеци по куп-титулата. Во недела на 1 октомври, имаше срцев удар во соблекувалната по меч на Вардар во првенството.