Грди сцени беа забележани меѓу ултрасите на Левски Софија, кога во 10. минута од мечот се степаа две подгрупи „Ултрас Левски“ и „Софија-Запад“, при што беа искористени тупаници, но летаа и неколку столчиња.

Мораше да интервенира и полицијата за да ги смири хулиганите, а дел од фановите беа приведени од страна на полицајците.

Ова е уште еден проблем за тимот од Софија, кој се соочува со финансиски проблеми и сега би можел да добие нова финансиска казна поради своите навивачи.

Видеото од инцидентот меѓу навивачите може да се погледне ТУКА.