Манчестер сити со сите сили во нападот, Лион почнува (по)резервирано!
Пеп Гвардиола не калкулира, па на теренот во Лисабон излегува со офанзивен тим во кој е и Кевин Де Брујне во нападот, покрај Хесус и Стерлинг. Французите, пак, ќе почнат малку порезервирано, со формација 3-5-2, која „граѓаните“ никако не смеат да ја потценат бидејќи би можело да ги снајде судбината на Јувентус.
Победникот од овој натпревар кој стартува од 21:00 часот во полуфиналето ќе се соочи со Баерн Минхен кој ден претходно ја „размонтира“ Барселона. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат РБ Лајпциг и ПСЖ.
МАНЧЕСТЕР СИТИ (4-3-3): Едерсон; Вокер, Гарсија, Лапорт, Кансело; Фернандињо, Родри, Гундоган; Де Брујне, Хесус, Стерлинг.
ЛИОН (3-5-2): Лопес; Денајер, Марсело, Марсал; Дубоа, Какерет, Гимараеш, Ауар, Корнет; Депај, Токо-Екамби.