Мурињо објасни како се изговара неговото име: Се нервирам кога грешат... (ВИДЕО)

Тотнем објави видео на социјалните мрежи во кое се прикажува само еден дел од документарниот филм за клубот, односно за претходната сезона.

Лондонскиот клуб на социјалните мрежи објави само дел од документарниот филм, а во центар на внимание беше Жозе Мурињо, кој на фудбалерите им откри како се изговара неговото име.

Мурињо разговараше со еден од фудбалерите кога го праша како се изговара неговото име правилно, зашто не сака да прави грешки кога ќе го повика.

„Мразам кога некое име погрешно ќе го изговорам, зашто сите моето име го изговараат погрешно. Сите ме нарекуваат Хозе, но тоа се изговара Жозе“, кажа тренерот на Тотнем.