Алиоски со гол го донесе Лидс на праг до Премиерлигата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се запиша во листата на стрелци во денешниот меч и му донесе важен триумф на Лидс, кој е на праг да се пласира во Премиерлигата.

Бамфорд донесе водство за Лидс, по што Алиоски со прецизен шут во 56. минута зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Харисон.

Ова е петти гол за македонскиот фудбалер за Лидс, кој во моментов е првопласиран во Чемпионшип-лигата со 74 бодови, односно три повеќе од второпласираниот ВБА и осум повеќе од Брентфорд.