„Марка“: Одегард не се враќа во Мадрид, туку заминува во Серија А

Реал Мадрид е еден од клубовите кои најмалку ќе бидат погодени од пандемијата на коронавирусот. Во време кога приходите на клубовите паднаа, тоа се случи и со цените на фудбалерите. Сепак, „кралевите“ не мораа да се грижат за засилувањата бидејќи на крајот на сезоната се враќаат десет позајмени фудбалери.

Најголемо засилување на „кралевите“ требаше да биде талентираниот Мартин Одегард, кој беше позајмен во Реал Сосиедад. Норвежанецот во Реал стигна пред пет години, но секоја сезона беше на позајмици и за првот тим одигра само два меча.

Сепак, Одегард планира да направи трансфер во Серија А, односно во екипата на Милан, која ќе понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.