Гледајте ги „лудориите“ на Иџе по скопскиот асфалт! (ВО ЖИВО)

Најуспешниот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, денеска со својот автомобил ќе прави парада за време на полицискиот час низ скопските улици. Тој ќе вози во чест на медицинските лица, полицијата, армијата кои се херои во овој тежок период во ек на пандемијата на коронавирусот.

Иџе стартува од населбата Лисиче, додека последна дестинација ќе му биде Карпош. Сите „лудории“ на македонскиот автомобилист може да ги гледате во живо на видеото.