Арсенал почна преговори со несуденото засилување на Ливерпул

Микел Артета почна да прави листа на потенцијални засилувања за Арсенал за следната сезона, а меѓу приоритетите е Набил Фекир од Бетис.

Французинот игра фантастично сезонава за шпанскиот состав и покажа дека има квалитет да го носи дресот на голем клуб. Тој ги изненади сите изминатото лето откако го напушти Лион и потпиша за „зелено-белите“ од Севилја.

Фекир пред извесно време беше близу до трансфер во Ливерпул, откако англискиот тим се договори со Лион за обештетување од 50 милиони фунти. Французинот дури и беше во Ливерпул на медицински прегледи и веќе направи фотосесија со црвениот дрес, но трансферот во последен момент пропадна.

Ливерпул и Лион го објавија истото соопштение дека трансферот нема да се реалзира, но никој никогаш не ги соопшти вистински причини. Сега Фекир по одличната сезона во Ла Лига има голема шанса да се пресели во Премиерлигата, но во дресот на Арсенал.