Заврши голготата: Македонските боксери се вратија во Скопје и се сместени во карантин!

Македонските боксери Гоце Јанески и Јасин Љама конечно успеаа да се вратат во Македонија од олимпискиот квалификациски турнир во Лондон, откако претходно имаа два неуспешни обиди за да се вратат дома поради пандемијата на Ковид-19.

Боксерската федерација објави дека вчера со лет преку Софија двајцата боксери пристигнале во Бугарија, по што биле префрлени во Скопје. Тие веднаш биле сместени во задолжителен карантин во главниот град каде што ќе останат во следните 14 денови.

„Боксерската федерација на Македнија изразува голема благодарност до сите вработени во Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија за помошта, која ни ја дадоа за да ги вратиме Јасин Љама и Гоце Јанески дома. Исто така, голема благодарност до организатортие на турнирот во Лондон, кои максимално се ангажираа за нашите боксери да ги имаат неопходните услови за пријатен престој“, соопштија од федерацијата.