Голем гест од калчолигашот: Интер преку Фејсбук собира пари за борба против коронавирусот

Калчолигашот Интер преку својот Фејсбук - профил започна кампања за собирање пари за борба против коронавирусот.

Собраните средства ќе бидат префрлени на Одделот за биомедицински и клинички науки на болницата Луиџи Сако во Милано.

Целта на акцијата е да се соберат доволно средства за финансирање на истражувачки активности во болница во Милано, која развива вакцина против коронавирус.

Играчите и вработените во клубот донираа 500 илјади евра, а вкупно за само еден ден се собрани повеќе од 2.8 милиони евра.