Забава на аеродромот во Манчестер: Фјури доби кралски пречек (ВИДЕО)

Шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури, пристигна во Англија, само 48 часа по нокаутот со кој го совлада Динтеј Вајлдер за ВБЦ појасот.

Тој на аеродромот во Манчестер беше пречекан од поголема група навивачи, а штом се симна од авионот - забавата започна.

Фјури се уште не се има изјаснето дали ќе има ренанш против Вајлдер, иако Американецот е причично уверен дека тоа ќе се случи.