Атлетико остана без „муниција“ против Легањес
Со ова реми, мадриѓани остануваат на четвртото место на табелата со 36 бода, и полека ја губат борбата за шампионската титула со Реал Мадрид и Барселона, кои имаат по 43 бода. Со оглед на тоа дека каталонците исто така кикснаа во ова коло, кралскиот тим може да биде нов лидер во Ла Лига доколку вечерва остане непоразен на гостувањето кај Ваљадолид.