Шпанецот на чекор до рекорден трансфер: Олмо ги игра последните мечеви за Динамо!
Олмо минатата сезона го сврте вниманието кон европските гиганти со одличните игри, а многумина беа изненадени што тој реши да остане во Динамо ова лето. И оваа сезона, Олмо ја стартуваше одлично и успеа да постигне шест гола и да запише исто толку асистенции на 17 одиграни натпревари.
Со своите игри доби покана за настап во А - селекцијата на Шпанија, а пред неколку дена призна дека дури имал шанса да ги брани боите за Хрватска. Но, сепак, ја одбрал „Црвената фурија“ бидејќи е неговата земја.
За шпанските медиуми денеска зборуваше и клупскио тренер на Олмо, Ненад Бјелица, кој деновиве е во Барселона на еден од семинарите. Тој призна дека Олмо многу брзо ќе го напушти Динамо.
Дани е импресивен како фудбалер и личност. Тој е многу смирен, но исто така и амбициозен. Сака да учи секој ден и јас сум горд што е дел од мојот тим. Мислам дека ги гледаме неговите последни натпревари во Динамо. Пристигнуваат постојано понуди, а заедно со клубот ќе ја разгледаме најадекватната опција за двете страни. Верувам дека е подготвен да игра за најдобрите клубови во Европа, изјави Бјелица за „Кадена СЕР“.
Тренерот Динамо Загреб јасно стави до знаење дека Олмо најверојатно ќе ги смени боите на клубот уште во јануари. Според последните информации, Динамо нема да го даде својот најдобар играч за сума помала до 40 милиони евра, што би било рекорден трансфер на Балканот.
„Калчомеркато“ пишува дека постои интерес од неколку европски гиганти, меѓу кои се Манчестер сити, Милан и Рома.