Македонските ракометари ги дознаа ривалите на СП 2027
Македонија беше влечена од вториот шешир во денешната ждрепка, која одреди дека ќе играме во групата Х против Исланд, Бахреин и Јапонија во Магдебург.
По почетната фаза од турнирот, првите најдобри три екипи од секоја група се селат во втората рунда каде што ќе бидат поделени во четири групи.
СП е закажано за идната година, односно во период од 13 до 31 јануари, а натпреварите ќе се играат во Минхен, Штутгарт, Келн и Магдебург.
